Шестгодишната ќерка на Бијонсе има пет куќи, личен стилист, готвач и обезбедување


Ќерката на мегапопуларната Бијонсе, шестгодишната Блу Ајви Картер израсна во вистинска дива, најмногу благодарение на нејзините родители милионери. Поради богатството коешто го имаат, нивната ќерка плива во луксуз.

На само шест години, ќерката на пејачката Бијонсе и музичарот Џеј-Зи има свој личен стилист Мануел Мендес кој работи во „Парквуда“, менаџмент компанијата во сопственост на Бијонсе.

Тој ги осмислува нејзините секојдневни комбинации за облекување, а кога станува збор за елитни холивудски настани, Блу Ајви често носи лимитирани „котур“ креации кои чинат неколку илјади долари.

На 6 години во фустан од 8.000 фунти

Фустанот од шифон на Мишка Аоки кој чинел неверојатни 8.000 фунти, ќерката на музичка дива го носела на доделувањето на Ем-ти-ви наградите.

Нејзиното последно појавување во јавноста исто така беше забележано.

Блу Ајви блескаше на неодамнешното одржано доделување на наградите „Греми“ кога носела бели панталони во комбинација со долниште и широк наметка која се врзува во половината. На тоа додадете ги и белите светкави кондури со мала потпетица.

Поседува пет куќи

Додека многу други деца си играат во паркот, Блу Ајви е веќе вистински могул во настанувањето. Покрај својот личен стилист, таа има личен кувар кој приготвува јадења само за неа и обезбедување.

Многумина велат дека нејзиниот начин на живот е луксузен. Блу Ајви има дури пет куќи, Во Њујорк, Хемптонси и Мајами и две во Лос Анџелес.

Покрај дадилките за новородените близнаци Сир и Руми, шестгодишната Блу Ајви исто така ја чуваат две жени. Пред да тргне во училиште, тие ја учеле француски и свахили јазик (кој се зборува во Источна Африка), а концентрирани се и на узучувањето на уметноста.

И тоа не е се… Тука е и понито кое неодамно и го купиле, а наскоро подготвуваат и изненадување за неа – во план е лансирање нејзин парфем и линија на облека со нејзиното име.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1