ШОК ВО САД: Се обеси ѕвездата на американскиот фудбал


Арон Хернандез (27), поранешниот играч на Њу Ингланд Патриотс и ѕвезда на американскиот фудбал, кој беше осуден за убиство, е пронајден обесен утринава во затворот во Масачусетс каде служеше доживотна затворска казна.aron-hernandez

Си-Ен-Ен пренесува дека ден претходно е ослободен за друг случај за убиство.

-Имаше обиди да му се спаси животот, но неговата смрт е прогласена во болницата во која е пренесен, велат официјални лица од затворот.

Како што се наведува, Хернандез се убил така што закачил чаршаф на прозорецот во затворската ќелија. Тој се обидел и да го блокира влезот во ќелијата со разни предмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1