Шокантна снимка на мачење на новороденче: Медицинска сестра му ја притиска главата, а колешките ја снимаат и се смеат


Три медицински сестри од Саудиска Арабиај се најдоа во центарот на скандал, откако на социјалните мрежи е објавена снимка на која на новороденче му ја стискаат главата.

Ова тукушто родено бебе е примено во болница поради инфекција. На снимката која брзо стана вирална, една сестра му ја притиска главата на бебе со две раце, а другата ја снима, а се слуша и како се смеат.

Веднаш по објавувањето на снимката спроведена е истрага и пронајдени се виновниците. Три медицински сестри добија отказ и доживотно им е одземена дозволата за работа.

Се огласија и родителите кои рекле дека бебето е примено во болница поради уринарна инфекција и дека се згрозени и шокирани од снимката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1