Шокатни фотографии: Рамуш Харадинај претепан од руски специјалец


Судирот во кој руски падобранец брутално го претепа командантот на ОВК Рамуш Харадинај се случи во 2000 година, а епилогот од тепачката може да се види на фотографијата која ја објави движењето Наши.

На фотографиите се гледа претепаниот претседател на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај.

Судирот се случи во мај 2000 година меѓу руските војници стационирани на Косово и новоформираните безбедносни сили во јужната српска покраина.

Фотографиите настанаа во 2000 година во близина ан селото Мушотиште во Сува Река.

-Руската единица од составот на КФОР го запрела возилото со вооружени терористи, меѓу кои бил и Харадинај. Бидејќи брзо се совладани и разоружани, Харадинај на рускиот падобранец му рекол дека е џудист и дека поинаку би разговарале ако Русинот бил невооружен. Рускиот витез наредил да се одврзе Харадинај, ја оставил пушката, а потоа објаснил каква е разликата меѓу рускиот падобранец и најобичниот бандит. Борбата била кратка, а Харадинај поразен. Руските војници кои тогаш не заеле кој е Харадинај, му го предале уапсениот на органите на ОН, кои како и многу пати дотогаш го одлободија злосторникот, се додава во соопштението на движењето Наши.

Запрашан да ги искоментира овие фотографии, Рамуш Харадинај не потврди ниту пак го демантираше настанот.

-Не сакам да одговорам на српската пропаганда, изјави Харадинај.

Како што е објаснето, руските специјалци оваа фотографија му ја подарија на Игор Маринковиќ од ова движење при неговата посета на Москва.

-Фотографијата коај е чувана како еден од најдрагите трофеи на елитната падобранска единица и до сега никому не е покажана, им е подарена на граѓаните на Србија, како завет дека голем број Руси се подготвени доброволно да учествуваат во одбрана на Косово, велат од организацијата.

За овој настан своевремено пишуваа и агенцијата АФП, како и германски „Шпигл“. Тие тогаш објавија дека „поранешниот командос“ од ОВК е повреден во судар со припадниците на силите за безбедност од Русија кои се на Косово.

Реагираше тогаш и рускиот континегент на Косово со соопштение за јавноста,

-При приведувањето на осомничениот дојде до давање отпор и нашите војници употребија минимална сила за да го совладаат, соопштија тогаш Русите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1