Шпанија ќе ги замрзне работните места кои ги ослободија пензионираните


Шпанската влада ќе ги замрзне работните места, ослободени од пензионираните кои работеле во јавниот сектор, објавија локалните весници.

Според буџетскиот план испратен до Европската комисија (ЕК), оваа драстична мерка ќе биде на сила во 2013 и 2014 година, со цел да се исполнат барањата во сферата на буџетскиот дефицит.

Во документот се наведува дека оваа мерка е построга од претходно предвидената.

На 13-ти јули беше соопштено дека со замрзнувањето на ослободените работни места во јавниот сектор, оваа година ќе бидат заштедени 5,4 милијарди евра, а во наредните две години,  вкупната заштеда ќе изнесува 9,2 милијарди евра.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1