Шпанскиот парламент одобри воведување на вонредни мерки во Каталонија


Шпанскиот парламент го одобри во петок воведувањето на вонредни мерки во Каталонија, набрзо откако претходно каталонскиот парламент изгласа независност на оваа покраина на североистокот на Шпанија.

Во горниот дом на шпанскиот парламент, задолжен за територијални прашања, 214 пратеници го поддржаа активирањето на членот на уставот што не беше никгаш користен во периодот на демократијата, воведена во 1978 година. Против биле 47 пратеници, додека еден останал неопределен.

Шпанските министерства имаат намера да го преземат управувањето со каталонската полиција, финансиите, јавните медиуми и телекомуникациите на шестмесечен рок, додека не бидат организирани предвремени избори во Каталонија

Во 18 часот треба да се одржи состанок на шпанските министри, по што мерките би требало да стапат во сила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1