Штипјанец предизвика драма во центарот на Скопје


Утрово во 06.45 часот на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, од страна на полициски службеници пријавено е дека непознато машко лице ги крши стаклата од влезот на зградата.staklo-skrseno500

По пристигнување на место на настанот затекнато е лицето како држи метален предмет во раката. Истиот покрај предупредувањата на полициските службеници замавнувал кон нив со металниот предмет и фрлал со скршени стакла.

Од страна на полициските службеници испукан е по еден куршум од пиштол во воздух и лицето е приведено, а се работи за З.М.(32) од Штип.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1