Што имате против туски серии – Турците бесни на Ивановски


Здружението на истомисленици на Ататурк во Македонија, со соопштение остро реагираше на најавите на министерот Иво Ивановски, дека ќе се ограничи бројот на турски серии кои телевизиите смеат да ги емитуваат.

Не спориме дека треба да се поттикнат македонските медиуми да создаваат своја домашна продукција, но ова не го оправдува односот на министерот и со тоа тој ги навреди чувтствата на сите Турци кои живеат во Македонија, се вели во соопштението.

„Изјавата  на министерот :„Доста ни беше 500 години турско ропство“, дадена пред симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, местото каде таткото на модерна Турција , Кемал Ататурк, ја заврши Воената гимназија, е говор на омраза, насочен кон граѓаните од турската заедница, кои плаќаат данок за да може министерот да земе плата“.

Турската заедница е згрозена од стереотипот, промовирана од јавни личности. Бараме од Владата, во име на соживотот, да се огради од изјавата на министерот Иво Ивановски, а тој јавно да се извини“, се вели во соопштението на Здружението на истомисленици на Ататурк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1