Што кријат најдобрите пријатели на Путин и од каде имаат толку големо богатство?


Претседателот на Русија, Владимир Путин упорно тврди дека не е еден од најбогатите луѓе на светот, а судејќи според официјалните приходи, тој е во право. Но, колку има вистина во тоа?

Претседателот на Русија минатата година официјално заработил 133 илјади долари, меѓутоа новото истражување укажува на тоа дека богатството на Путин е далеку поголемо од тоа, но истото е прикриено преку „посредници“.

Истражувањето кое што го спровеле рускиот весник „Новаја Газета“ и организацијата „Проект за истражување на организиран криминал и корупција“, открива дека најблискиот круг на пријатели на Владимир Путин поседуваат приближно 24 милијарди долари, а за тоа како се заработени тие пари – „нема логичо објаснување“.

Како што објаснуваат авторите на студијата, можно е да станува збор за пари на рускиот претседател.

„Богаството на тие „посредници“ можеби може да се објасни со наједноставното решение: Тоа се пари на Путин. Но, во Русија не е ништо едноставно“, стои во истражувањето.

Како еден од посредниците се издвојува Михаил Шеломов, братучед на Путин кој што работи во руска шпедитерска компанија. Работата која што ја работи инаку е платена околу 8,500 долари годишно, но откриено е дека тој има богатство од вртоглави 573 милиони долари, а исто така бил и еден од инвеститорите за новата тркачка патека кај Санкт Петербург.

Пријателот од детството на Путин, Пјотор Колбин, поранешен месар, исто така располага со богатство од над половина милијарда долари, поточно 550 милиони долари, стои во истражувањето. Колбин инаку во неколку наврати потврдил за руските медиуми дека „не е бизнисмен“.

Бил Броудер, еден од најголемите критичари на рускиот претседател, вели дека луѓето како Шеломов и Колбин се само формални сопственици на имотот и парите, а тоа всушност е богатство кое што му припаѓа на Владимир Путин.

Колбин инаку веќе е под санкци на Европската унија, додека пак Шеломов кој што не се појавува во медиумите и чии што фотографии не можат да се пронајдат лесно, успеал некако да им избега.

Истрагата на „Новаја Газета“ и „Проект за истражување на организиран криминал и корупција“, не ја пренеле останатите медиуми во Русија кои што се под директна контрола на руските власти. Русија инаку се наоѓа на 148-мо од 180-те места на листата на слобода на медиумите која што ја објавуваат од „Репортери без граници“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1