Што му се случува во организмот на ваков студ?


Ладното време не приморува во зима да поминуваме повеќе време во затворени простории, изложени на близок контакт со други луѓе. Пример за тоа се продавници, молови или ресторани. Па така, ширењето на зарази како грип или бактерии кои предизвикуваат кашлици и настинки станува многу едноставно.

Како да се заштитите?ladno-zima-temperatura

Примарно, одржувајте ја личната хигиена на највисоко ниво. Користете антибактериски сапуни и течности за дезинфекција.

Одржувајте силен имунитет, консумирајте витамини и минерали потребни на организмот да се справи со заканите.

Студеното време ги стеснува крвните садови. Тоа го зголемува ризикот од срцев удар. Затоа, добро облечете се пред да излезете, вклучувајќи и капа, ракавици и топол капут.

Избегнувајте напори на отворено кои можат да го вознемират срцето како на пример чистење на снегот. Сувиот зимски воздух може да ја извлече влагата од нашата кожа.

Секојдневно заштитете ја кожата со крема врз основа на масло за да го блокирате испарувањето на влагата. Туширајте се со млака, а не врела вода.

Користете креми кои ќе ја одржуваат влагата во вашата кожа.

Секогаш бидете добро облечени и бидете свесни за знаците кои предупредуваат дека телото не го поднесува добро студот, како вкочанетост на вратот, рацете или нозете.

Повикајте брза помош ако се сомневате дека вие (или некој друг) имате хипотермија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1