Што се крие под хаубата на автомобилот?


Тешко е да се дојде до добар половен автомобил. Во преголемиот пазар со понуди, има доста автомобили кои што под убавата боја, кријат голем број на недостатоци.


Кога ќе тргнете да купувате автомобил прво на што ќе треба да внимавате е да проверите под хаубата, затоа што тука во најголем дел се познава и квалитетот на автомобилот.

Освен јасното воочливо оштетување на надоврешниот дел од каросеријата, која на прв поглед паѓа на очи, пожелно е да се обрне најголемо внимание на делот меѓу вратата (и хаубата и багажот) и останатиот дел од школката, затоа што тука најлесно може да се забележи дали возилото е фарбано по втор пат или не. Доколку сте во можност да го однесете на механичар, тоа би било пожелно, затоа што таму најлесно може да се забележи и оштетувањето под автомобилот.

Ова е местото каде што сопстевникот најтешко може да го сокрие оштетувањето, дури потешко е да се сокрие и од надворешниот дел на возилото. Ако веќе сте го однеле возилото на сервис, не е лошо да видите под тапацирот во багажникот, дали е удрен од позади.

Доколку во минатото возилото било удрено посилно, постои голема веројатност и стаклата да бидат скршени. Доколку на некои од стаклата фали оригиналниот фабрички знак на себе, или пак знаците се разликуваат, постои голема веројатност дека на возилото е извршена интервенција во тој дел.

И за крај еден општ совет. Немојте никогаш да купувате нечист автомобил. Постои голема веројатност да под слојот на прав се кријат одредени недостатоци.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1