Шверц комерц во Македонија – хероин, девизи, цигари, лекови, часовници, дури и леб


Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници повеќе обиди за нелегално внесување и изнесување на разна стока, меѓу која и хероин, девизи како и повеќе обиди за внесување и изнесување на непријавена стока преку границите на Република Македонија, јави Миа.

Запленето

Најчудна е заплената на леб викендов – имено на граничниот премин Деве Баир, при контрола на македонски автомобил, кај патник- македонски државјанин, пријавен за влез во државата, царинските службеници открија 4500 парчиња лепчиња за сендвичи. Непријавените лепчиња биле пронајдени во багажниот простор и на задните седишта од возилото. Патникот не поседувал никаква документација потребна за увоз на ваков вид стока, па затоа истата е привремено задржана.

Хероин
На граничниот премин Табановце автопат, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на редовна линија Струга – Виена, пријавен за излез од државата, кај македонски државјанин, патник во автобусот царинските службеници пронајдоа 500 грама хероин. Хероинот е пронајден во двојно дно на ранецот на македонскиот државјанин. Лицето и целиот предмет е предадено во натамошна надлежност на МВР.

Девизи
На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со германски ознаки, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата пронајдени се 10.000 евра. Во багажниот простор на возилото, на местото за алат, царинските службеници пронајдоа кеса со 20.000 евра, од кои, согласно законските одредби за пријавување готови пари при влез во државата, 10.000 евра му биле вратени на сопственикот.
На граничниот премин Јажинце пак, при контрола на физичко лице, македонски државјанин, пријавен за излез од државата пронајдени се 3.710 евра, 100 дански круни и 50 швајцарски франци. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, лицето пријавило 3000 евра, но по извршената контрола пронајдени се 5.710 евра, 100 дански круни и 50 швајцарски франци, за кои не поседувал никаков документ, од кои, согласно Законот за девизно работење 2.000 евра му биле вратени.

Цигари
На граничниот премин Деве Баир се откриени 200 кутии ЕВА Слимс цигари со косовски контролни маркички при контрола на турски автобус, кој сообраќал на редовна линија Пеќ-Истанбул, управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата. Непријавената стока била пронајдена над ладилникот, сместен до задната врата на автобусот.

Лекови
На граничниот премин Меџитлија, при контрола на македонски автомобил управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата се откриени 25 пакувања разни лекови за човечка употреба (236 таблети Детруситол, Соталол, Дихѕдергот, Дипиперон, Нимотоп и Плаљуенил, 180 капсули Бронцхо-ваџон и Форадил, 13 ампули Ваџсигрип, Прегнил 5000 и Супрефакт, и 1 шишенце Алпхаган капки). Непријавените лекови биле сокриени под тапацирот во багажниот простор, во џебовите на јакната на возачот и во неговата лична чанта.

Автоделови, апарати и алат
На граничниот премин Табановце автопат при контрола на македонски автобус кој сообраќал на редовна линија Белград – Скопје, откриени се 3 машини за маникир и педикир, 1 УВ лампа за сушење нокти и 1 машина за лепење нокти. Автобусот, пријавен за влез во државата, бил управуван од македонски државјанин, а непријавената стока била пронајдена зад неговото седиште.
На истиот граничен преми се откриени и 4 употребувани делови за товарни возила (акумулатори, вентилатор и ладилник), при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во приколката на возилото, помеѓу останатата пријавена стока.
Мобилните царински тимови, при при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин прјавен за влез на истиот граничен премин открија 62 разни делови за патнички моторни возила (лагери, влошки за дизни, шајбни и др.). Непријавната стока била пронајдена во багажниот простор, сокриени зад повеќе патни торби.
На граничниот премин Делчево пак, пронајдени се 3 ролни челични бонсек ленти (47 метри) при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата Непријавената стока била пронајдена на креветот, во кабината на возилото.

Употребувани производи
При контрола на стока со потекло од Норвешка, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 3 за фирма увозник од Велес пронајдени се непријавени 2.925 килограми употребувана облека, 30 кг употребувани играчки, 17 пара употребувани лизгалки и ролерки.
15 употребувани делови од музичка опрема (засилувачи, миксети, звучници, монитори, ЦД-плеер, ЦД-полнач и четириканален рекордер) се откриени при контрола на германско патничко комбе, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока била пронајдена под задните седишта и во просторот за багаж на возилото.

Текстилни производи и модни додатоци
Мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, на патниот правец Крива Паланка – Куманово пронајдоа 150 готови текстилни производи (фармерки, блузи, јакни, кошули и друго). Одземената стока била во сопственост на двајца македонски државјани, кои не поседувале документи за платени увозни давачки и за потекло на стоката.

14 рачни часовници (Бертитлинг, Улѕссе Нардин, Јаегер ЛЕ, А.Ланге Сöхне и други) и 1.417 разни делови за часовници (ремчиња, механизми, батерии, стакла и друго) се откриени на граничниот премин Меџитлија при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во багажниот простор на возилото, во повеќе патни торби и кеси, измешани со личните работи на возачот и сопатникот.

Фалсификувана стока
При контрола на турски камион, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица, царинските службеници откриле и привремено задржале 2.550 дезодоранси со лого на трговските марки Рицхи Рицхи, Реџонил и 1 Милион. Возилото било натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Косово.
25 рачни часовници и 150 пластични нараквици со лого на трговската марка НИКЕ, се откриени при контрола на бугарски камион, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Деве Баир. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за фирма увозник од Косово.
И во двата случаи, стоката е привремено задржана поради сомневање дека се работи за фалсификати на заштитена трговска марка, а отпочнати се активности за утврдување на нејзината оригиналност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1