Шверцал кокаин за да собере пари за лекување


Бугарски цариници заплениле комбе со српски регистарски таблички на граничниот премин со Турција.

Во комбето нашле 32,74 килограми хероин и го уапсиле возачот, српски државјанин. Тој изјавил дека се согласил да го превезе хероинот затоа што му биле ветени 10.000 евра, колку што  му биле потребни за итно лекување.

Дрогата била пронајдена под резервоарот на комбето кое се движело од Турција кон Србија, а хероинот бил спакуван во 60 пакети врзани со кафена лента.

Тестирањето покажало дека станува збор за чист хероин кој на пазарот би се продал за 2 милиони евра. Возачот признал дека шверцувал хероин, но изјавил дека немал што да прави бидејќи му требале ветените пари за да се лекува.

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1