Си Ен Ен: Пет сценарија за победа на Трамп на изборите


Победата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на претстојните избори на 8 ноември е можна, смета Си Ен Ен и во својата анализа наведува пет сценарија кои би можеле да го доведат во Белата куќа.

Првото сценарио е најдобрата шанса на Трамп. Според ова сценарио, републиканецот освојува точно 270 електори, без право на грешка. Во таков случај Трамп би ги освоил сите држави кои во 2012 година ги „присвои“ и Ромни против Обама, но им ги одзеде на демократите и Флорида, Охајо, Ајова, Невада и Њу Хемпшир. Иако звучи оптимистички, сепак не е невозможно, барем според анкетите кои на Трамп му даваат добри шанси.hilari-i-tramp-640x294

Второто сценарио ја вклучува поддршката за Трамп од страна на „тивкото мнозинство“ на средната класа белокожи Американци. Во случај оваа група на граѓани да го поддржи, тогаш ќе ја загрози Хилари Клинтон во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, држави во кои немал добри резултати. Доколку би ги освоил овие капитални држави, заедно со Флорида и Охајо, би стигнал на 290 електори, а Клинтон би била далеку зад него со 248.

Третата варијанта вклучува губење на гласовите од републиканците кои не го сакаат Трамп, а на кои Хилари потајно се надевала. Секако, тука се мисли дека овие анти-Трамп гласачи ќе го дадат својот глас за кандидатот Гари Џонсон, а не за Клинтон. Секој глас кој не е за Трамп е всушност глас за Хилари, иако не оди директно на салдо на поранешната прва дама, смета Си Ен Ен. Ова сценарио се однесува на Невада, Њу Хемпшир и Колорадо, каде Џонсон забележа добри резултати на штета на процентите на Трамп. Имајќи ги предвид силните гафови на Џонсон, кој не знаеше што е Алепо и кој е Ким Џонг-ун, дури и оние страсни републиканци би можеле да ја „проголтаат“ својата гордост и сепак да гласаат за Трамп. Во тој случај Трамп би освоил 279 електори и би станал претседател.

Сценариото број четири се однесува на тоа што во текот на предвременото гласање во Северна Каролина, Флорида и Џорџија е забележана значителна мала излезност на гласачите од афроамериканската заедница, кои традиционално им ја даваат својата поддршка на демократите. Доколку продолжи таквиот тренд, Трамп би можел да биде задоволен, бидејќи тогаш би можел да се надева на победа во тие држави, по што, доколку се остварат предвидувањата, би имал 275 делегатски гласови.

Петтата шанса за Трамп би била слабата излезност на Јужноамериканците. Ако тоа се случи, Трамп би можел да и ги замрси плановите на Клинтон во западниот дел на земјата, и покрај Аризона да ги освои и Флорида, Невада, Колорадо и Њу Мексико, при што би освоил 279 делегати и би станал претседател на САД.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1