Си го продал бебето преку интернет за да си купи мотор и телефон


Кинез е осуден на три години затвор откако си го продал бебето преку интернет.

Неговата ќерка била стара само 18 дена кога ја продал на заинтересирани на социјалните мрежи.fejsbuk

Мажот од Фуџиан провинцијата на југоистокот на Кина сакал да си купи ајфон и мотор од околу 3200 евра колку што добил за бебето.

Како што пишуваат тамошните медиуми купувач за ќерката нашол преку социјалната мрежа QQ. Обата родители имале по 19 години кога дошло до несаканата бременост.

Личноста која го купила бебето и рекла на полицијата дека „многу луѓе од тој крај ги даваат своите деца други да ги одгледаат“ и дека не знаела дека е тоа нелегално.

Кинеските медиуми проценуваат дека годишно околу 200 000 деца во Кина се киднапираат и препродаваат преку интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1