Сидорф потпиша за Ботафого


По десет години минати во Милан, холандскиот играч Кларенс Сидорф фудбалската авантура ќе ја продолжи во бразилското фудбалско првенство, во клубот Ботафого.

За името на 36 годишниот фудбалер пристигнаа голем број на понуди, но на крајот холанѓанецот реши да ја продолжи кариерата во земјата на неговата сопруга.

Сидорф стави потпис на двегодишен договор со клубот од Рио де Жанеиро во кој сеуште не се обелоденти финансиските услови, но веќе се шпекулира дека истиот би можел да стане најплатениот странец во првенството во Бразил.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1