Силен дожд и грмежи во Скопје (Фото)


Околу 15:30 Скопје го зафати силно невреме, со ветер и силен дожд кој ги поплави улиците и нанесе штети на неколку дуќани во централното градско подрачје.

Сите улици во Скопје, но и во други градови низ Македонија се под вода од силниот дожд проследен со грмежи кое го донесе новиот циклон наречен Симеон.

Метеоролозите и за утре во Македонија најавуваат позначителен пад на дневната температура, дожд и грмежи. Наместа, врнежите ќе бидат пообилни, а локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

poplavi1 poplavi2
Foto – Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1