СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО КУМАНОВО: Дожд, големи зрна град (Видео/Фото)


Околу 15 часот, Куманово го зафати невреме проследено со врнежи од град и поројни дождови. Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот, јавува Kumanovonews.

Од силината на дождовите, на улиците течеше надојдена вода, а некои граѓани излегоа за да ги отворат шахтите пред семејните куќи.

Foto - Srekja.mk

Foto – Srekja.mk

Врнежите од град и дожд престанаа пред неколку минути.

Според УХМР,  попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1