Силно невреме во Куманово


Куманово попладнево го зафати краткотрајно, но силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер, пренесе МИА.

Од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово денеска изјавија дека жители од различни локации од градот ги информирале дека по улиците се слеваат реки поради неможноста на атмосферската канализација да ја прибере количината на надојдената вода.nevreme dozd2

Со овие проблеми се соочиле жителите од „Бајрам Шабани“, локалитетите „Поток Серава“, булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“. Од силината не ветерот откорнати се гранки од дрва во централното градско подрачје.

Екипите на „Чистота и зеленило“ излезени се на терен и го отстрануваат гранките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1