Силувани и убиени три сестрички во Индија


Три сестри од Индија, на возраст од шест до 11 години, биле силувани и убиени, а нивните тела биле фрлени во бездна во едно село во западниот дел на Индија, соопштила индиската полиција.

g_siluvanje-indijaТелата на девојчињата биле пронајдени минатата недела, два дена по нивното исчезнување од куќата во округот Бхандар во сојузната држава Махараштра.

По обдукцијата на телата на девојчињата кои биле најдени со училишни торби било утврдено дека биле силувани, а потоа и убиени.

Полицијата соопштила дека уште никој не бил уапсен, но четири лица биле задржани заради испитување.

Извор  Нетпрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1