Синот дијабетичар го изгладнувале до смрт – родителите прогласени виновни за убиство


Родителите на 15-годишното момче кое умрело поради нетретиран дијабетис и глад, се прогласени за виновни за убиство од прв степен, пренесува „Индепендент“.

Емил и Родика Радит со години го изолирале и го запоставувале синот Александру додека тој не умрел. Наводно тежел само 17 килограми кога починал во нивниот дом во Калгари, Канада во 2013 година по неколку месеци страдање како последица од нелекуван дијабетис.dijabet-640x362

Судијата Карен Хорнер изјавила дека родителите го изолирале Алекс од било кој што би го надгледнувал неговиот инсулински третман. Алекс починал од бактериска сепса предизвикана од екстремно изгледнување. Неговата физичка состојба не била предизвикана моментално, туку таа е резултат на месеци и години на злоупотреба на детето.

-Доказите покажуваат дека Радит биле свесни колку е болно нивното синче, но одбиле да го лекуваат со инсулин и да му ја обезбедат неопходната медицинска помош. Тие знаеле дека тој е пред умирање, додала судијката.

Тој за малку ќе умрел во 2003-та година, па бил предаден на посвојување, па повторно вратен кај родителите.

Сведоците велат дека родителите одбиле да го прифатат фактот дека нивниот син има дијабетис и не го лекувале додека не бил хоспитализиран во 2003-тата година на раб на смрт.dijabet-1

Една од медицинските сестри повикани на местото на настанот изјавила дека телото на Александру изгледало како тој да е „мумифициран”.

-Таа го опиша како толку слаб што изгледал како да е мумифициран. На лицето не можело да му се види месо, а на цело тело имал толку длабоки рани од кои коските јасно се гледале. Од желудникот не му останало ништо. Обемот на неговата половина изнесувал 8 сантиметри. На себе имал пелени и маица по кратки ракави. Не дишел, гневно зборувала судијката.

Родителите се осудени на доживотен затвор без можност за помилување во наредните 25 години. Како што се вели, тие не покажале никаква емоција ниту пак имале некој коментар по пресудата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1