Синот на Џек Николсон “плукнат“ татко му


Џек Николсон се појави заедно со својот син Реј на добротворна забава викендов.

Таткото и синот Николсон се фотографираа заедно, насмеани до уши, а сличноста меѓу нив е вчудовидувачка. Според присутните 22-годишниот Реј е целосна копија на својот татко од младите години.

Jack-Nicholson-zРеј е син на Џек Николсон од актерката Ребека Брусар од која кино-ветеранот има и 24-годишна ќерка. Сосема природно, синот тргнал по стапките на својот татко. Младичот веќе бил помошник-режисер на два филма, а освен тоа има и една појава во “The Benchwarmers” (2006).

Николсон постариот има уште две деца – Џенифер од Сандра Најт и Хани Холм од данската манекенка Вини Холм. Освен тоа, актерката Сузан Анспач тврди дека Џек Николсон е татко на нејзиниот син Халев Годард.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1