Синот на Осама бин Ладен ги повикал муслиманите на терористички напади во САД


Синот на Осама бин Ладен, ги повикал џихадистите со терористички напади во САД да го одмаздат неговиот покоен татко.

“Ги повикувам муслиманите да им се одмаздат на Американците, убијците на Шеици, посебно на оние кои учествувале во тоа одвратно злосторство”, рекол Хамза бин Ладен во аудио снимката објавена на пропагандните канали на Ал-Каеда.

Хамза во долгиот говор го фалел својот татко како “јунак на муслиманите ширум светот, кој го променил духот на џихадот”. Исто така ги пофалил и талибаните во Аваганистан, но не ја спомнал ИСИС, од која Ал-Каеда се одвоила по борбата за превласт во 2014. година.

Хамза ги повикал муслиманите да ги ослободат своите земји од христијанска власт и да воспостават шеријатски закон. Изјавил дека ги повикува “потплатените муслимански маси да се спротивстват на тиранијата и да се кренат на бунт против Америка”, објавил Long War Journal.

Жан Марк Рикли од Женевскиот центар за безбедносна политика, рекол дека изјавата е објавена во “вистинско време, бидејќи Ал-Каеда сака да ги привлече поранешните борци на ИСИС”, кои доживуваат големи порази и загуби на територии.

ЦИА неодамна ги објавила првите снимки од Хамза Бин Ладен, на повозрасни години, а пред тоа бил виден само на фотографии од детството. Аналитичарите предупредиле дека би можел да го наследи својот татко како лидер на Ал Каеда.

“Не смееме да ги занемарите големите закани од Ал Каеда, која веројатно повторно ќе го нападне Западот”, изјавил Рикли.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1