Синот на тајвански политичар ангажираше 50 стриптизети на погребот на таткото (ВИДЕО)


Син на тајвански политичар ангажирал 50 стриптизети кои танцувале на 50 џипови, предизвикувајќи застој во сообраќајот на необичниот погреб на неговиот татко неодамна починатиот владин функционер.str640

Тунг Хсианг, починал на 76-годишна возраст на крајот од минатата година, а имал високи позиции во администрацијата на градот Чиаји во југозападниот дел на Тајван и повеќе од десетина години извршувал високи владини позиции, и според неговиот син „многу сакал добри забави“.

Семејството, роднините и многубројни пријателите на починатиот се збогуваа со него на 3-ти јануари. Потоа по улиците на градот минала процесија од повеќе од 200 возила, а на 50 џипови танцувале стриптизите.

Синот организатор на бизарниот погреб, исто така јавен службеник, за локалните медиуми изјавил дека татко му сакал гласност и многу раскалашени сцени, и дека погребот бил прослава за неговото животно дело.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1