Сириската слободна армија објави дека Асад е ранет


Турската телевизија Си-Ен-Ен Турк повикувајќи се на пост на твитер кој го ставил командантот на Сириската слободна армија, Ријад ал Асад, објави дека претседателот на Сирија е ранет во вооружените пресметки во Дамаск.

Ријад ал Асад на твитер тврди дека ваквата информација ја добил од луѓе од опкружувањето на сирискиот претседател.

Весникот „Гардијан“, пак објави дека Башар ал Асад бил ранет при вчерашниот напад врз седиштето на сириската служба за државна безбедност во Дамаск, при кој загинаа министерот за одбрана генерал Дауд Рахиџа и заменик-министер за внатрешни работи Асеф Шаукат.

Според некои од странските медиуми, по ранувањето, сирискиот претседател бил префрлен со авион во Латакија, додека неговата сопруга Асма заминала за Русија

Американската администрација од своја страна соопшти дека нема информации за тоа каде се наоѓа Асад по вчерашниот напад во Дамаск

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1