Сите ја избегнуваат: Зошто никој од бегалците не сака да оди во Франција?


Меѓу бегалците постои раширено убедување дека Франција значи месеци без кров над главата, борба со бирократски препреки и контакт со службеници кои не зборуваат англиски.

Тие сонуваат за подобар живот во Германија, Шведска или Холандија, но Франција е впечатливо отсутна од листата на желби на бегалците.francuska-policija
Се поставува прашањето зошто втората економија во ЕУ, државата на која некогаш се гледаше како на ветената земја за барателите на азил, денес не им е интересна на бегалците.

„Франција не е добра за мојата иднина, а покрај тоа нема репутација на земја која лесно дава дозвола за престој“, истакнал 24-годишниот Едвард од Багдад, чекајќи во Стокхолм брод за Финска.

Бегалците се убедени дека Франција значи месеци без кров над главата, борба со бирократски препреки и контакт со службеници кои не зборуваат англиски.

Исто така, бегалците се запознаени со не многу брилијантната ситуација на француската економија и нејзините 3.5 милиони невработени.
„Франција е добра за посетување, но не и да се работи во неа“, рекол 26-годишниот Сириец Абдулрахман, кој стигнал во Шведска.pariz

Кога пред две недели Франсоа Оланд предложил да се олесни товарот врз Германија, така што Франција би превзела 1.000 бегалци, тимот на француски имиграциски служби служби кој бил испратен во Минхен успеал да убеди помалку од 600 бегалци да си ја побараат среќата во Франција, иако им било ветено лесно добивање на документи, можност да им се придружат семејствата и дозвола за престој на 10 години.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, од четири милиони бегалци од таа земја, само 7.000 од нив добиле бегалски статус во Франција.

Париз вети дека во наредните две години ќе прифати уште 31.000 бегалци и работи на забрзување на процесот на решавање на барањата за азил и зголемување на капацитетите за сместување.

Сабрин Ал-Расак од организацијата Ревивр, која им помага на сириските бегалци од воениот конфликт, не е изненадена што Франција меѓу бегалците не спаѓа во посакуваните дестинации. Таа истакнува дека е „исклучително тешко“ да се најде сместување, како и дека процесот на добивање азил е „долготраен и трауматичен“.

Измеѓу другото, постои и пропис дека е задолжително да се има адреса за да може да се поднесе барање за азил.

Франција има на располагање само 30.000 кревети за повеќе од 60.000 баратели на азил, што значи дека многу од нив се принудени да живеат кај пријатели, роднини или на улица.

„Сиријците ги разменуваат своите искуства преку социјалните мрежи и за нив Франција не е добра земја за прифаќање на бегалци“, истакнува Ал-Расак.

Покрај тоа, тука е и прашањето на јазикот, бидејќи повеќето бегалци знаат само нешто малку англиски, а француската администрација воопшто не се труди да им излезе во пресрет.

Според мислењето на францускиот експерт за бегалци Франсоа Жемен, Франција би требало да се загрижи. „Тоа што повеќе не ја сметаат за земја на добредојде, значи дека нејзиното економско здравје не е баш добро, но исто така не е добро ниту за нејзината демократија“, истакнува Жемен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1