Сите ќерки и зетови на Путин: Марија и Катарина, богато се омажиле, а едната е идна претседателка на Русија


Рускиот претседател Владимир Путин, е познат ширум светот како лидер кој цврсто и мудро управува со својата земја, која може да се каже дека ја кренал од пепелта.

И додека за неговите државнички способности на широко се зборува, за неговиот приватен живот се знае малку. Познато е дека бил во брак со Људмила 31 година, и дека парот има две возрасни ќерки, Марија и Јекатерина, но тие долго не и биле познати на јавноста. Поради тоа, секој нов детаљ за нив привлекува големо внимание.

Путин во едно телевизиско интервју потврдил дека неговите ќерки живеат во Русија, но дека не се јавни личности и дека живеат повлечено. Истакнал дека секоја е успешна во својата работа и дека полека ги градат своите кариери. нагласил дека ниедна од нив не се занимава со бизнис и политика.

Марија Путина, или Марија Путин, е постарата ќерка на рускиот претседател, и има 32 години. Оваа дама е родена во Санкт Петербург. Студирала на државниот универзитет во Санкт Петербург, каде завршила биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите пишувале дека до неодамна живеела во Холандија, од каде потекнува нејзиниот партнер, бизнисменот Јорис Фасен.

Во јавноста излегол податок дека станот во кој живеела во Холандија е продаден. Станот се наоѓал во близина на Хаг, и бил продаден за 3 милиони долари. Семејството и пријателите наводно ја викаат маша, а тоа е и името на мајката на Путин.

Сопруг на Марија е бизнисменот Јорис Фасен, со потекло од Холандија. Како и многу други блиски соработници на Путин, и за него не се знае многу. Работел за Газпром, руската нафтена и гасна компанија, како извршен директор, откако завршил архитектура на универзитетот во Хаг.

Некои медиуми пишувале дека парот е во брак и дека имаат деца, а Путин на почетокот на оваа година потврдил дека има внуци и дека сака тие да растат нормално, а не како принцови. Приказната за Фасен дошла во јавноста и во 2010. година, кога го нападнале и претепале телохранители на рускиот банкар Матвеј Урин, по сообраќајна несреќа.

Банкарот бил осуден поради хулиганство и предизвикување на несреќа, а подоцна добил и 7,5 години затвор поради проневера од 517 милиони. Критичарите го обвинувале Путин дека тоа е преголема казна, но и дека истата е поврзана со фактот што Фасен е во врска со неговата ќерка.

Јекатерина Тихонова е помладата ќерка на Путин и има 31 година. Завршила германско училиште во Москва. Омажена е за 35-годишниот Кирил Шамалов, и во брак се од 2013. година. Катерина не го носи презимето на својот татко, туку го земала презимето на својата баба по мајка.

Се занимава со танцова акробатика и многу е успешна во тоа. Долго се претпоставувало дали токму таа е ќерка на Путин, бидејќи личи на рускиот лидер. Тоа сомнение било потврдено од неодамна. Јекатерина е директорка на две иницијативи на Московскиот државен универзитет, Фондацијата за национален и интелектуален развој и Националниот интелектуален центар за резерви. Исто така, го води Инопрактика, научен центар на Московскиот државен универзитет, кој вреди 1,7 милијарди долари.

Нејзин сопруг е Николај Шамалов, ко-сопственик на Руската банка и добар пријател на Путин. Кирил Шамолов е еден од најмладите милијардери на светот. Неговото богатство вреди повеќе од 1,3 милијарди долари, и се наоѓа на листата на милијардери на “Forbes”.

Многумина сметаат дека тајната на неговиот успех е во блиските врски кои ги има со рускиот претседател. Во раните 90-ти бил поставен за главен советник за надворешно-економски работи во Газпром.

По 2004. година станал главен адвокат во правното одделение на Газпромбанк, една од најголемите руски банки.

Бил консултант во руското министерство за финанси кога станува збор за управување со државен имот, приватизација и реформи во државните претпријатија. Во јуни 2008. година, кога имал 26 години, ја преземал функцијата потпретседател во работната администрација во петрохемиската компанија Сибур Холдинг.

Компанијата се наоѓа во Москва, а тој работејќи во неа стекнал големо богатство. Руската влада има околу 38 проценти во таа компанија. Од 2014. година поседуваат и 5 проценти во руската компанија за цемент, а на нејзино чело се нашол во март истата година.

Во 2015. година, најавил дека делумно ја напушта работата во Сибир, за да се посвети на други работи. Меѓутоа, останал во главниот одбор.

Го основал Лагода Менаџмент, кој планира да инвестира во IT индустријата. Јекатерина и Кирил се многу богати, а според пишувањето на “Reuters” од 2015. година, парот има дури 2 милијарди долари. Според пишувањето на медиумите, парот поседува и луксузна вила во Франција, чија вредност се проценува на 3,7 милиони долари.

Кирил и Јекатерина се венчале во 2013. година на тајна церемонија во ски-центарот “Игор”. Парот стигнал на санки, која ја влечеле три бели коњи, а на свеченоста присуствувале 100 гости. Од нив било побарано пред влегувањето да ги предадат своите телефони. На церемонијата на вечанавката можело да се лизга, а имињата на младениците биле испишани на снегот.

Бидејќи Путин нема синови, “The Sun” пишувал дека Путин наводно сакал помладата ќерка да го наследи, па сака да ја обучи добро за да ја преземе таа улога.

Како период за тоа се споменува 2024. година, кога оваа дама ќе има 38 години. Се претпоставува дека тогаш ќе се кандидира на изборите за претседател.

Според рускиот закон, Путин нема да може повторно да се кандидира за претседател на тие избори, бидејќи ќе има 71 година. Луѓето блиски до Јекатерина велат дека на оваа дама идејата да биде претседател на Русија многу и се допаѓа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1