Сите очи вперени кон средбата во Њујорк, терминот „Македонија“ ќе се создржи во името


Терминот Македонија останува во новиот предлог за името, тврди за грчките медиуми медијаторот Метју Нимиц. Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ ги отфрли дилемите велејќи дека поради фактот што повеќе од 100 држави ја признале земјата под уставното име Република Македонија, терминот Македонија ќе се содржи во новото предлог решение, јавува Тв 21.„Преку 100 земји ја признаваат земјата под уставното име Република Македонија, значи постои терминот Македонија за повеќето земји кои ја признале. Името Македонија е поврзано со оваа земја, и мислам дека можеме да најдеме решение кое ќе ги исполни грчките барања, но исто така ќе ги задоволи и луѓето на северниот сосед“, вели Метју нимиц – специјален пратеник на ООН за спорот за името.

Кон оваа позиција на Нимиц се движи и заменикот на Никос Коѕијас, Јанис Аманатидис, кој во телевизиско гостување вели дека повеќе од 140 земји во светски рамки ја признале државата под името Република Македонија но целта на Атина останува сложено име за севкупна употреба.

„Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија, но целта на Атина е сложено име за севкупна употреба, кое ќе се користи и во Македонија и надвор од неа, како и елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје“, вели Јанис аманатидис – зам. мин. за надворешни работи на Грција.

Во пресрет на новата руда преговори која денеска се оддржува во Њујорк, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, вели дека медијаторот ќе понуди првична рамка која ќе овозможи суштински напредок во решавање на спорот за името.

„Ние сме решени во рамки на можното да го движиме процесот кон решение. Со Грција сме соседи и вечно ќе бидеме соседи. Но, нештата не зависат само од нас, туку и од другата страна“, вели Димитров.

Сите најави и очекувања од македонската и грчката јавност говорат дека медијаторот денеска во Њујорк пред преговарачите ќе извади предлог за името кој ќе ги содржи барањата на двете страни но со обострани отстапки од првичните позиции.

Тв21.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1