Сите случајно паднале, сите должеле пари – мистерии за смртта на 5 богаташи


Дури петмина богаташи ги поврзува слична и мистериозна смрт, но и заеднички вечери на кои се собирале во лондонскиот ресторан „Cipriani“, кој сега се вика “C London”, но ги поврзува и голема количина пари кои ги должеле.

55-годишниот Џони Еликаоф, поранешен сопруг на ТВ водителката Трини Вудал, некогашен рок тапанар и менаџер на групата „Fairground Attraction“, починал минатиот месец кога паднал од кров на шопинг центар во западен Лондон.scot-young-435

Милионерот во бизнисот со недвижни, 47-годишниот Роберт Куртис, кој некогаш бил во врска со манекенката Каприс, по банкротот паднал под воз на подземната железница во декември 2012. година, пишува „Дејли мејл“.

Член на споменатата кобна петорка бил и рускиот тајкун Борис Березовски, кој на необјаснив начин успеа да се обеси со својот шал, иако експертот бесење и давење, доктор Бернд Бринкмен тврдел дека трагите на неговиот врат упатуваат дека е убиен.

Рускиот тајкун Березовски, како и Јанг, бил еден од инвеститорите кои изгубиле многу пари во таинствениот проект во Русија кој го нарекле „Проект Москва“.

 

Во друштвото кое одело на вечера во ресторанот „Cipriani“ бил и бизнисменот Пол Каст, кој по пропаѓањто на своето бизнис царство во 2010 година, бил пронајден под вагон на подземната железница.

Последен е банкротираниот британски тајкун Скот Јанг, кој бил пронајден забоден на ограда под својот прозор во центарот на Лондон.

Јанг, според наводите на еден од неговите пријатели, имал голем долг кон руската мафија, и веќе еднаш висел од хотелски прозор. Мафијашите тогаш наводно му кажале дека следниот пат ќе го фрлат доколку не го исплати својот долг. Инаку, во своите најдобри денови Јанг имал богатство кое било проценето на 400 милиони фунти, пишува британскиот „Дејли мејл“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1