Сите тајни на Подпеш (Фото)



Охрид нема море, ама се сеќавате „на времето“ Жанко Зш во „Аквариус“ кога тогашните скопски џетсетери му се жалеа дека не било исто како на море, еден ден им купи сол и им тури в езеро- на ви, к`пејте се сега в море, да ве видам!!!

Тоа е легендарен штос на познатиот радиоводител, ама сега нема да му треба повеќе.
Охрид, веќе шест години има место кое апсолутно личи на море, со сета своја убавина.

Подпеш!
Веднаш зад карпата, пред Канео.

Се стигнува по мостот на желбите, каде треба да си го допрете својот хороскопски знак на табличката и да фрлите некоја метална паричка, за да се фати „магијата“.
Потоа одите зад карпата и уживате, уживате, уживате, како да сте на крај на светот.
Толку блиску, а толку „далеку“ од градската цивилизација.

Ве чека прекрасна глетка, и прекрасно поминат ден. Особено за оние кои се љубители на камена плажа.
И зошто Подпеш!? Има две легенди, кои велат вака- бидејќи било Под пештера (под пеш), или бидејќи било под патот по кој се врвело само пешки- под пеш. Како и да е, и името и местото си е погодено.

и што е најважно на менито на ресторачето на првата страница ќе ви се стопи душата- ќе го најдете текстот на антологиската охридска песна „Бог да бие Русе Твојта мајка“, само заради овој стих во кој се спомнува Мостот (на желбите)- Џоџе врвит џанам со кајчето, Русе седит џанам, на мосчето

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1