СКАНДАЛ: Парите собирани од донации за болната ќерка ги потрошиле на луксуз!


Шпанија го тресе скандал во кој родителите собирале доброволни прилози за лекување на болната ќерка, а потоа парите ги трошеле на приватни цели, помеѓу останатото, за купување 32 скапоцени часовници.
Фернандо Дрејк Бланко, таткото на 11-годишната Наџа Нереа, со години на медиумите им упатувала срцепарателен апел во кој ги молеле Шпанците да покажат хуманост и да го спасат животот на нивната ќерка која страда од ретко метаболичко заболување. Апелите за помош редовно ги упатувале од 2008 година, а Шпанците биле солидарни, па така на нивната сметка постојано пристигнувале високи парични износи.snpktkqturbxy80mddlm2ywztmwmwfkyzrmmjm5mge4mzkyotezzmy2oc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga-92943

А, потоа блогерите, новинарите и истражителите ги раскринкале нивните лаги и измами.

„Фактот дека таткото на болното дете толку многу нè измами е национален скандал“, напишал на Твитер еден вознемирен граѓанин.

Педесет и две годишниот маж е во притвор од средината на минатата недела, додека мајката е пуштена на слобода под одредени услови, но на двајцата им е одземено старателството над болната ќерка, а сите сметки во банките им се блокирани.

Таткото зборувал дека неговата ќерка може да ја спаси само скапо лекување во САД, бидејќи Наџа боледува од трихотиодистрофија, исклучително ретка наследна болест, која, помеѓу останатото, предизвикува предвремено стареење на клетките. Таткото на девојчето тврдел дека во Хјустон постои лекар по име Едвард Браун, кој може да го излекува девојчето. Освен тоа, рекол дека бил во Авганистан, каде што посетил видар кој живее во пештера.

Кога брачната двојка кон крајот на ноември со истите информации пак се обратила на познатиот дневен весник „Ел мундо“, во рок од неколку денови на нивната сметка легнале 150.000 евра. Медиумите, меѓутоа, откриле дека во цела Америка не постои стручњак по име Едвард Браун, а на клиниката во Хјустон никој ништо не знаел за случајот на Наџа.

Откако се нашол во небрано грозје, таткото признал дека „можеби малку“ ги надувалал работите.

Но, навистина бевме во Авганистан и баравме лекар, иако не живее во пештера – рекол тој.

Додал дека приказната малку ја драматизирал, бидејќи „не може да живее без ќерката“.

Но, голем дел од приказната е вистинит – рекол таткото.

Мајката на девојчето Марга Гарај, рекла дека не знаела ништо за начинот на трошење на парите кои биле уплатувани на сметка на Наџа, како и дека не и било чудно што сопругот ја води ќерката на лекување во Авганистан. Таа додала дека никогаш не одела со нив на третманите на Наџа за кои судот пресудил дека биле многу болни.

Како што јавуваат локалните медиуми, судот вчера на родителите им го одземал старателството над девојчињата.

И шпанските медиуми се нашле на удар на критиките затоа што порано не го испитале случајот.

– Новинари? А никој не го испрашал минатото на тој татко? И вие сте одговорни“, напишал еден корисник на Твитер.

Таткото на девојчето, имено, уште во 2000 бил осуден на повеќе од четири години затвор поради проневера на парите во претпријатието за коешто работел.

Истрагата открила дека донираните средства биле многу поголеми од некој што можел да го замисли. Каталонските истражители соопштиле дека родителите добиле помош во вкупен изнмос од 918.000 евра, од што веќе потрошиле 600.000, пришто најголемиот дел од тие пари не ги вложиле во лекувањето на ќерката, туку во приватни луксузни работи.

Во нивниот стан во едно село во Пиринеите полицијата, помеѓу останатото, пронашле 32 часовници во вредност од 50.000 евра и скапи електронски апарати. Освен тоа, од донацијата ја плаќале станарината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1