Скандал во Велика Британија: Пилешкото во супермаркетите заразено со опасната кампилобактерија


Трите најголеми супермаркети во Велика Британија (Tesco, Sainsbury`s и Marks&Spencer) покренале итна истрага на своите производи од пилешко откако The Guardian открил хигиенски недостатоци во индустријата со пилешко месо.

meso-564x272Скриените снимки и фотографските докази откриле дека строгите хигиенски правила, кои би требало да ја спречат заразата на месото со потенцијално смртната кампилобактерија, на британските фарми и преработувачки компании многу често се заобиколуваат, пишува The Guardian.

Според последните податоци, две третини од пилешкото месо кое оди во малопродажба во оваа земја е заразено од кампилобактерија. Станува збор за бактерија која може да се убие со готвењето, но од неа секоја година се заразуваат 280.000 Британци,а стотина умираат како последица од заразата.

Како што покажала истрагата на The Guardian, двете најголеми британски преработувачки компании, Two Sisters Food Group и Faccenda, на своите фарми и фабрики не се придржувале до строгите хигиенски мерки при преработката на месото. Двете компании ги негираат обвинувањата. Британската Агенција за храна најави истрага, а британските преработувачи се обвинуваат дека во нивните фабрики дефектите довел до тоа внатрешните органи на пилињата да бидат на подот со часови, а притоа продолжувале со производството и дека топлата вода во магацините не е чистена и по три дена.

Опасната кампилобактерија предизвикува дијареја, температура и повраќање, а може да биде и смртоносна.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1