Скандалозна задача во Полска: Колку бегалци треба да бидат фрлени во морето за сплавот да плови


Скандал ја стресе Полска, откако во медиумите се појави потресна вест дека гимназиски професор по физика им задал задача на неговите ученици да пресметаат колку бегалци треба да фрлат во море од сплавот, за истиот да стигне до брегот на Грција.polska-zadacha

Еве ја задачата:

„Четири бегалци од Сирија се обидуваат да пристигнат до Грција на сплав кој има димензии 1m x 2m x 20cm. Пресметај колку од бегалците треба да се турнат во морето за да стигнат до целта. Секој од нив има 60 килограми“.

Група родители го пријавиле професорот кај директорот на гимназијата.

Директорот за медиумите изјави дека професорот бил опоменат дека сличен инцидент би значел отказ, додека професорот вели дека само сакал да го привлече вниманието на учениците со пример од секојдневието.

„ Претходно им зададов да изградат сплав, па логично ова беше следна задача. Немам ништо против бегалците“, изјавил професорот во своја одбрана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1