Скопјанец ја тужи комшиката и бара оштета – му го шутнала и убила кучето


Скопјанецот Русе Максимовски бара казна за скопјанката која на почетокот на месецот го убила неговото куче од расата чивава, што го чувал како член на семејството 17 години. Тој вели дека на 4 јануари, додека го шетал кучето во населбата Влае, спроти училиштето „Димо Хаџи Димов“, неговата сосетка го клоцнала животното многу силно во градите, по што тоа одлетало неколку метри, пренесува Дневник.

7265997-civava-4– Веднаш го однесовме Тото на ветеринар, кој утврди тешки повреди на градите. Го негувавме неколку дена, секој ден го носевме на ветеринар, а тој попладне доаѓаше кај нас. По шест дена поминати во болка и агонија, Тото умре. Пријавивме во полиција, а имаме и сведоци за настанот. Бараме сосетката да биде казнета во согласност со законот. Тото ни беше од големо значење за семејството, затоа што цел живот е растен со нашата ќерка. На таков начин да почине е стресна ситуација за сите нас – вели Максимовски и се прашува дали ако се работело за шарпланинец или за друго поголемо куче, сосетката ќе се осмелила да го удри.

– Тото на возраст од 17 години, без заби, со слаб вид и ослабена мускулатура не би можел да нападне никого. Личноста што го уби во никој случај не беше загрозена од нашето куче за да го шутне како топка – вели Максимовски.

Тој се обратил до Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, од каде што веднаш испратиле претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство, за суровост, мачење и убиство на животно.

– Бараме да постапите во согласност со вашите надлежности од Законот за заштитата и благосостојбата на животните и најстрого го казните лицето кое намерно и со сета сила шутна мала чивава, ја изложи на екстремна физичка болка и ја уби, со што експлицитно го прекрши законот. Бараме овој случај најстрого да се осуди и казни, со што во иднина би се превенирале вакви дела – пишува во претставката од „Анима мунди“ до АХВ.

Сопственикот на несреќното куче вели дека ако претставката до АХВ не вроди со резултат, тој ќе ја тужи сосетката на суд.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1