Скопјанец претепал мајка и ќерка и сам се пријавил во полиција


Вчера во Скопје во 15,20 часот било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ по кратка расправија во двор од куќа, Н.С. (41) од с.Вражале-скопско физички ги нападнал Л.Б. (41) и нејзината ќерка Б.Б. (19) и двете од Свети Николе. Притоа Л.Б. била удрена со тврд предмет во пределот на главата, а Б.Б. со нога во пределот на стомакот.

Со возило на Итна медицинска помош Л.Б. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Н.С. сам се пријавил во ПС-Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1