Скопјанец со кривична за обид за убиство – Ја тепал мајка си со вжештена маша


Полицијата поднесе кривична пријава против 50 годишниот скопјанец П.А. поради сомневање за сторено убиство во обид.tepanje nasilstvo

-Во периодот од март до април годинава пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле. На 11.04.2017 година П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во бесознание и во критична состојба била пренесена во болница, информираат од полицијата.

Од страна на Судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1