Скопјанец тешко повреден: Избоден со ножици во врат поради должнички односи меѓу фирми


Скопјанецот Д.А. (54) вработен во приватна фирма е тешко повреден од страна на 35 годишниот Ф.Ш. од скопско Љубин, ретставник на друга приватна фирма, по претходна расправија поради нерасчистени должнички односи меѓу двете фирми.nozici-krv-policija-napad

-Ф.Ш. дошол во приватната фирма во која работи Д.А. и по расправија земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот. Од страна на друг вработен Ф.Ш. бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници. После тоа бил приведен во полициската станица во Центар, информираат од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош Д.А. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки повреди, по што е задржан на понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1