Скопјани најдоа чаре за блокаторите – го менуваат тркалото – украден 121 блокатор досега


Дванаесет блокатори поставени на тркалата на непрописно паркираните возила се украдени од почетокот на годинава до сега, соопшти јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“.

Од 2010 година, кога е воведена оваа санкција за непрописно паркирање до јули 2014 година украдени се вкупно 121 блокатор на тркало на ЈП „Градски паркинг“.

blokator trkalo
При користење паркинг-услуга на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг – Скопје“ секој корисник е должен да ја подмири услугата паркирање преку испраќање СМС порака или со греб картичка. Доколку не се изврши навремено плаќање за паркирањето, службите на јавното претпријатие спроведуваат санкција – се поставува блокатор на тркалото на возилото за чие отстранување е потребно да се изврши наплата на казната за непрописно и несовесно паркирање.

Од досегашното петгодишно искуство на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ е утврдено дека некои граѓани сакајќи да ја избегнат казната го заменуваат тркало на кое што е поставен блокаторот со друго и го напуштаат паркиралиштето.

Откако службите на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ ќе утврдат дека блокаторот е украден или одземен, случајот во рок од 8 часа се пријавува во полиција која потоа трага по сторителите, а се спроведува и соодветна постапка за наплата на казната и нанесената штета. Во одредени ситуации се спроведува и судска постапка.

ЈП „Градски паркинг- Скопје“ апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1