Скопјанка со тупаници и клоци претепана до бесознание


Вчера во 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Виа Игнациа“ во домот на М.Д., каде што била и 18-годишната К.Т. во еден момент во станот дошле лицата, П.К., Д.К. и А.З. и физички ја нападнале К.Т.

Како што информираат од МВР напаѓачите биле повикани од лице кон кое што наводно К.Т. имала долг од 500 евра, па со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото ја претепале.

Од ударите К.Т. во еден момент таа изгубила свест, а лицата го напуштиле местото на настанот. На К.Т. и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1