Според наодите од извршената обдукција, скопјанката која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, била убиена.
Полицијата отвори истрага за смртта на 58-годишната скопјанка Јованка Најдова, која беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во скопската населба Аеродром. Обдукцијата покажала дека жената починала од насилна смрт, најверојатно од удар во главата. Смртта настапила пред неколку дена, со оглед на тоа дела телото на жената било пронајдено во распадната состојба. Засега не се открива дали има осомничени за убиството, во интерес на истрагата.
Скопјанката беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Аеродром. Нејзините соседи пријавиле во полиција, откако забележале дека од нејзиниот стан се шири неподнослива смрдеа. Првичниот увид покажа дека 58 годишната жена имала повреда на черепот.
Соседите велат дека таа често се расправала со соседите, кои и’ укажувале на нехигиената во нејзиниот двор и мачките кои ги чувала. Но, последните пет дена, велат дека ниту ја виделе ниту, пак, забележале нешто сомнително во нејзиниот стан, пишува Утрински весник.