Скопје ќе добие еко-населба – во Ѓорче и ќе се вика АЛЕКСАНДРИЈА


Александрија е името на новата еко населба која Фабрика Карпош ќе ја гради во Скопје на простор од 150.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек

Името на населбата ќе биде Александрија и ќе се простира на 150 000 квадратни метри. Изградбата на населбата ќе ја финансира фабриката „Карпош“. Од фабриката се заблагодарија за бројните сугестии во врска со името на населбата и соопштија дека овој предлог се јавил дури 30 пати. За таа цел, фабриката ќе прогласи кум на на селбата, преку извлекување, а среќникот ќе добие гарсоњера во новоизградената населба.ekonaselba ALEKSANDRIJA

Населбата ќе биде инфраструктурно поврзана со центарот на градот, кој е оддалечен само 5 километри, со булевар кој е веќе проектиран. Објектите ќе се вклопат на простор на кој веќе има здравствена, трговска и социјална инфраструктура. Александрија ќе биде првата еко населба во Скопје и ќе биде уникатна по големиот број зелени површини.

Трговски центри, игралишта, бензински пумпи, здравстевна установа се само дел од содржините кои ќе ја карактеризираат оваа еко-урбана населба. Најголем дел од објектите ќе бидат наменети за колективно живеење и за секоја е предвидена зелена површина.

Населбата се наоѓа на брегот на реката Вардар и во непосредна близина на реката Лепенец преку чиво течение е главниот извор на свеж воздух во Скопје. Анализите на земјиштето покажале одлични резултати и се гарант за стабилноста на објектите и безбедноста на идните жители.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1