Славниот актер обвинет за убиство- бара докази дека не е виновен


Познатиот холивудски актер Џим Кери се обидува на сите начини да докаже дека не е одговорен за смртта на својата поранешна девојка Катриона Вајт.

Холивудскиот актер Џим Кери (55) е обвинет за соучество во самоубиство на својата поранешна девојка Катриона Вајт (27).

Мајката на починатата девојка Бриџид Свитман го тужи актерот за соучество бидејќи верува дека Џим имал лажно име Артур Кинг, од кого Катриона набавувала таблети со кои се предозирала.

Бриџид од судот побарала на актерот да му се забрани пристап до сите докази. Меѓутоа Џим поднесол барање до полицијата и лекарите за да му одобрат пристап на доказниот материјал како би можел да ја подготви одбраната.

Познатиот актер уште одамна негира дека на било каков начин помогнал Катриона Вајт да изврши самоубиство.

Кери бара да има пристап до мобилниот телефон на Катриона Вајт, како и до нејзиниот лап топ. Да му биде дозволен увид и до лекарските рецепти и шишенцата лекови кои се пронакдени и запленети од нејзиниот стан откако го извршила самоубиството.

Катриона беше пронајдена мртва на 28 септември 2015 година во својот стан во Лос Анџелес, опкружена со лекови за смирување и против болка.

Судењето е закажано за месец април следната година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1