Следува пекол, УХМР најавува нов температурен шок


МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 31 Д. Капија, 30 Гевгелија, 29 Виница, Штип, Скопје Петровец, 28 Струмица, Тетово, Скопје Зајчев Рид, Охрид, 27 Битола, 26 Прилеп, Тополчани, Претор, 25 Кр ива Паланка, Ѓуриште, 24 Берово, 23 Лазарополе, 20 Маврово.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ: Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб североисточен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Температурата ќе се движи од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од денес следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности и ќе изнесува 9.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1