Слепило, клаустрофобија, лупење на кожата – болести од кои патат астронаутите


Mедицината мака мачи да ги дешифрира последиците и промените во психичката и физичката состојба на астронаутите.  Едноставно човекот најсовршено функционира онаму каде што се родил – на земјата.

Можеби делуваат супериорно и безгризжно додека си „леткаат’ во безтежинска состојба, но ни од далеку не е така. Со првото летнување во вселенската бесконечност почнуваат низа здравствени проблеми.

Вселенка болест.
Ако морската болест им го загорчува пловењето на морнарите, за  астронаутите вистински кошмар е вселенската болест. За време на приспособувањето во вселенскиот простор неизбежни се мачнината, дезориентацијата па дури и визуелните илузии.

Лупење на нозете
Безтежинската состојба го менува распоредот на телесните течности кои во главно се концетрираат во горниот дел од телото. Поради ова се јавуваат специфични отоци на лицето, доаѓа до нарушување (затнување) на дишните патишта. Од друга  страна во оваа стостојба нозете практично ја губат својата вообичаена функција, почнуваат да се лупат добивајќи чувствителна розева боја.


Инфекции
Освен астронаутите на руската вселенска станица „Мир“ живеат уште 234 бактерии, повеќето корисни но со по некој исклучок.
Според искуствата  борбата против инфекциите „таму горе“ бара  поконцентрирани антибиотици, бидејќи таму се помалку ефикасни.  Опасноста дополнително се зголемува поради фактот што вселената го нарушува имуниот систем.

Губење на  мускулна и коскена маса.
Ова е можеби најпопуларен вселенско-здравствен проблем. Мускулите и коските се основата на нашето движење и функционирање секаде, освен се разбира во вселената каде што се речиси неупотребливи. Како последица на тоа астронаутите во просек губат до 2 насто коскена маса додека пак мускулната се намалува и за 5 проценти неделно. Калциумот од коските преминува во крвта што го зголемува ризикот за бубрежни заболувања. За враќање во нормала, неопходно е упорно вежбање, и престој на земјата еднаков период колку што траела вселенската мисија.

Вселенско слепило
Се работи за мошне прогресивно расипување на видот што веројатно е резултат на зголемениот притисок на течностите во главата. Ова може да доведе до крајно губење на видот.

Радијација
Доколку не сакате радијација, не конкурирајте за работно место во вселената. Астронаутите се повеќе изложени на штетни зрачења од кој било работник во нуклеарна централа на земјата. Во услови на т.н. сончева бура радијацијата може да биде смртоносна.

Психолошки аспект
Филмси примамлива но во реалноста крајно тешка задача. Да останеш присебен со сите оние промени – нагли забрзувања и забавувања во движењето. Оддалечени од дома во скоро примитивни услови за живот, ова неретко води до нарушено расположение па дури и агресивност кај  астронаутите.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1