Слета првиот авион со аџиите – сите се здрави


Со мало задоцнување поради маглата, вчеравечер слета авионот од Турција со 235 аџии. Ги поминаа сите контроли, кои годинава се поригорозни поради смртоносната ебола, јави здравство24.
kamera aerodrom merenje temperaturA

На аџиите им била измерена температурата а направена е и епидемиолошка анкета за евентуални контакти со заболени. Сите добија решение за здравствен надзор со кој се обврзани во период од 7 дена секој ден да се јавуваат во Центрите за јавно здравје во градот каде живеат.
Денеска претпладне треба да слета уште еден авион со аџии.

Претходно по сувоземен пат, на Деве Баир поминаа 542 патника кои се враќаат од Мека. И во автобусите и во авионите со нив патува и лекар кој ја следи нивната здравствена состојба и за било какви промени ги известува службите во Скопје. Покрај ебола истите ги проверуваат и за маларија, колера и МЕРС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1