Слика продадена за неверојатни 113 милиони фунти – која е приказната зад неа и сликарот


Слика на Амадео Модиљани е продадено за 170 милиони американски долари на непознат купувач од Кина, со што ја постави втората по големина цена платена за уметничко дела кога и да е платена на наддавање, соопшти акциската куќа Christie’s.

Актот на платно со наслов „Nu couche“ создадено во 1917/18 година, ја постигна втората највисока цена по „Жените на Алжир“ на Пабло Пикасо, дело кое беше продадено за 179 милиони долари во мај годинава, исто така на надавање на Christie’s.modiljani slika

Во наддавањето за сликата на Модиљани учествувале неколку колекционери кои почнале од цената од 75 милиони долари, и во секој круг растела за по пет милиони долари. Платното пред продажбата беше дел од приватна колекција цели 60 години.

Аукциската куќа пред наддавањето очекуваше дека сликата ќе достигне цена до 100 милиони долари.

Модиљани е роден во 1884 година во италијанскиот град Ливорно, во буржоаско но осиромашено еврејско семејство. Бил болежливо дете со проблеми со белите дробови кои подоцна ќе доведат до тогаш неизлечивата туберкулоза. На тинејџерска возраст тој веќе се сметал за сликар но и за голем заводник.  До раните 20-ти тој слика и учи во родната Италија, но како и за сите млади уметници во тоа време, единственото посакувано место за него е – Париз. Во Париз заминал 1906 година.modiljani slikar

Парите кои му ги праќала мајка му биле доволни за скромен живот, но не и за она што тој сакал да го има – хашиш и канабис. Нема сомнеж дека тој бил зависен од дрога, но познавачите на неговиот живот и дело не се согласуваат околу тоа колку дрогата имала влијание на неговата уметност.

Во 1910, на 26 години, почнал врска со 21 годишната руска поетеса Ана Акматова, која веќе една година била во брак. Но неговите изливи на агресија поради коктелите од хашиш, апсинт и кокаин кои ги внесувал во себе, биле причина за крај на врската по една година. Дрогата и физички го ослабнувала Модиљани кој поради туберкулозата и без тоа имал слабо здравје.

Следува период на скандали – Модиљани често пати бил пронаоѓан онесвестен на улица, или како танцува гол…

Почнал врска со проститутката Елвира со која поминувал повеќе часови дневно во своето студио.

Одвај прежувувал и со тешки пороци, а кога немал пари правел портрети на минувачи за 5 франци. Сепак тој успеал да ја развие својата уметност и да добие признание од колегите за својот талент – но не и од јавноста која во текот на неговиот живот не му оддаде признание за голем уметник.

Со британската поетеса Беатрис Хастингс, една од неговите љубовници, имал врска полна со насилство која не траела долго.

Неговата најзначајна љубовна врска е со француската сликарка Жан Ебутерн. Додека е со неа – од 1917 до 1920 тој ги прави своите најдобри уметнички дела.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1