Смрт со бесење на црната вдовица: Ги труела мажите поради наследство, добила милиони евра, а сега е осудена


Судот во Јапонија ја осудил 70-годишната жена на смрт со бесење, поради тоа што отрула тројца поранешни сопрузи, а се обидела да го убие и четвртиот.

“Црната вдовица”, Чисако Какехи, била уапсена во 2014-тата година, кога било утврдено дека еден од нејзините брачни партнери умрел од труење со цијанид.

Судот го отфрлил аргументот на одбраната дека обвинетата боледува од деменција и дека не може да се смета за одговорна за своите постапки.

Какехи од своите партнери се ослободувала дури откако се осигурувала дека е единствена наследничка на нивниот имот.

Во период од повеќе од десет години, таа стекнала околу 7,6 милиони евра, на име на животно осигурување, недвижнини и заштедите на своите партнери.

До апсењето во 2014-тата година, Какехи изгубила поголем дел од парите во ризични инвестирања.

Адвокатите на осудената најавиле жалба на пресудата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1