Смртоносниот вирус зема замав : Трудница почина од свински грип


Триесетгодишна трудница од околината на Белград починала вчера на Инфективната клиника , како последица на свински грип, јавуваат српските медиуми. Жената била петти месец бремена и била пренесена во болница во критична состојба. Претходните неколку дена грипот ја кутнал и имала висока температура . Лекарите од Ургентниот центар во Белград велат дека жената горела од температура неколку дена и била донесена кај нив во прилично запуштен стадиум.BOLNICA

– Дадовме се од себе за да помогнеме, но и немаше спас, вели за српски “Блиц” директорот на Клиничкиот центар во Србија, Милко Ристиќ.

Точната причина за смртта ќе биде потврдена за десетина дена, кога ќе бидат готови резултатите од обдукцијата.
Србите се во паника, бидејќи ова е втор случај за неполн месец, како умира човек поради смртоносниот свински грип. Кон крајот на февруари, 34 годишен маж од пневмонија како последица на свинскиот грип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1