Смртта на Џорџ Мајкл: Тешки дроги измешал со таблети и алкохол?


Иако се уште со обдукција не е утврдена точната причина за смртта на пејачот Џорџ Мајкл, негов долгогодишен пријател сугерира што најверојатно се случило.

Андрос Георгиу ја поврзал смртта на Џорџ Мајкл со консумација на дрога.majkl-djordj

– Тешки дроги секогаш биле дел од неговиот живот – изјавил Андрос за Би-би-си, додавајќи дека Џорџ порано бил зависен од кокаин, а крек му би била најомилена дрога.

Мислам дека, продолжил пријателот на покојниот Мајкл, сешто помешал со алкохол и дека срцето едноставно му застанало.

Андрос не верува дека Џорџ Мајкл се убил, туку мисли дека тој нешто земал прекумерно и го измешал со антидепресиви.

– Верувам дека имал самоубиствени мисли, бидејќи неговото психичко здравје беше хаотично, но не верувам дека се убил – додал Андрос.

Георгиу е поранешен музички продуцент кој одел со Мајкл на турнеи се до 1998 година. Тој истакнал дека сака да ја знае вистината во врска со смртта на Џорџ Мајкл, што се имало во неговата крв за време на смртта, кој му ја дал дрогата и зошто повторно ја земал.

– Верувам дека нешто го повлекло на мрачната страна – посочил уште Андрос и ги отфрла сомнежите дека Мајкл користел хероин, велејќи дека тоа е дрога што пејачот никогаш не ја користел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1