Снег низ цела Македонија – еве каква е состојбата на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар и Кочани-Делчево-граничен премин Делчево.sneg-koli-pat-zaveano

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1